Меси навистина одбил 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, призна претседателот на Ал Хилал

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси навистина одбил 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, призна претседателот на Ал Хилал

Меси кој моментално игра во Интер Мајами во МЛС лигата навистина одбил неверојатна сума, призна претседателот на Ал Хилал, Анмар Ал Каили кој зборуваше за неуспешните преговори со Лео. Кога беше познато дека го напушта ПСЖ, клубот од Саудиска Арабија се обиде да го ангажира Меси, но безуспешно. „Бевме во контакт со Меси кога му завршуваше договорот со парижаните. Му понудивме 1,4 милијарди евра, но тој одби бидејќи неговото семејство сакаше да се пресели во Америка. Изненадувачки е што фудбалерот ја одби таквата понуда. Се обиде да го убеди семејството, но не успеа. Ние го почитуваме ова бидејќи семејството е поважно од парите“, изјави Ал Каили за „NIBC“. Тој одлучи да премине во Интер Мајами а сезонава во МЛС лигата на 12 натпревари постигна 12 гола и девет асистенции. Со Интер Мајами, Аргентинецот го освои Лига Купот. После освојувањето на Светското првенство, ја напушти Европа откако освои се што можеше да се освои во фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.