Меси: Реал најдобар според резултатите, Сити по ниво и квалитет на игра

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси: Реал најдобар според резултатите, Сити по ниво и квалитет на игра

Лионел Меси изјави дека Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот и дека се најдобри кога резултатот е во прашање, но за тоа кој каков фудбал игра имаше различно мислење. „Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, тие ја освоија Лигата на шампиони. Ако разговараме за најдобри по резултат тоа е Реал, но според нивото и квалитетот на игра најдобри се Манчестер Сити“, изјави тој. Тој додаде дека му се допаѓа Манчестер Сити на Гвардиола. „Секој клуб каде е Гвардиола е посебен поради тоа кој е Пеп, начинот на кој ги тренира тимовите и начинот на кој работи. Тој прави неговите тимови да играат фудбал“, додаде Меси.    

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.