Модриќ се изнервира од прашањето на новинарот и си замина (ВИДЕО)

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ се изнервира од прашањето на новинарот и си замина (ВИДЕО)

Хрватска вчера трагично прими гол во 95. минута и драстично ги намали своите шанси за пласман понатаму. После натпреварот, Модриќ даваше изјава за медиумите во микс зоната на стадионот во Хамбург. Тој беше нервозен од прашањето кое беше поставено на шпански јазик. Истото гласаше: „Дали решавачкиот меч за Хрватска ќе го играат помлади или постари играчи?“ на што Лука се заблагодари на новинарите и едноставно си замина. Критиката за Хрватите е дека играат премногу стари и спори фудбалери и оттука е настаната целата ситуација.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.