Најк ќе даде најмногу пари во историјата за дресот на Барселона

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Најк ќе даде најмногу пари во историјата за дресот на Барселона

Барселона и Најк потпишуваат историски договор кој ќе биде и официјално потврден во следните денови.

Барселона ќе добие и бонус за продолжување на договорот каде се спомнуваат цифри помеѓу 100 и 150 милиони евра, сума која драстично ќе и помогне на Каталонците во решавање на финансиските проблеми и проблемот со финансискиот фер плеј.

Договорот ќе биде потпишан на 10 години, а годишно Барселона ќе добива помеѓу 105 и 120 милиони евра плус одредени бонуси за клупски успеси, односно освоени трофеи.

За освојување на Лигата на шампионите ќе добијат бонус од 10 до 20 милиони евра, за Ла Лига од 5 до 10 милиони евра, за Копа Дел Реј од 2 до 5 милиони евра, како и други бонуси.

Исто така, Барселона ќе има улога во однос на дизајнот на дресот, а се очекува да се подобри и производството од страна на Најк каде минатата сезона Најк имаше ситуации кога не успеа да испорача дресови, па така Каталонците тврдеа дека поради бавната испорака, тие изгубија многу пари.

Во моментов, Реал Мадрид го има најскапиот спонзорски договор со Адидас а истиот изнесува 110 милиони евра, а тука е и Манчестер Јунајтед со околу 97 милиони евра, договор склучен исто така со Адидас.

Моменталниот постоечки договор на Барселона со Најк е потпишан на околу 95 милиони евра, а Најк е спознор на Барселона уште од 1998 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.