September 6, 2024 | | Свет
Аргентина успеа да го совлада Чиле со 3-0 во рамките на квалификациите за Светското првенство. Тие креираа шанси и напаѓаа, но гол во првото полувреме немаше. Резултатот беше отворен на самиот старт на второто полувреме кога во 48. минута по една одлична акција на „гаучосите“, Алварез уфрли, Лаутаро ја прескокна топката и истата дојде до Мекалистер кој погоди за 1-0. Во 84. минута новиот играч на Атлетико Мадрид Хулиан Алварез успеа да го скрши мразот сезонава и да постигне гол и тоа со лева со прекрасен удар од далечина. Конечните 3-0 ги постави Дибала на асистенција на Гарначо во првата минута од судиското надополнување. Аргентина има шест победи на седум натпревари и се очекува квалификациите за селекциите од Јужна Америка да ги завршат на првото место.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |