Нов еврогол на ЕП: Шаќири прекрасно погоди против Шкотска (ВИДЕО)

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов еврогол на ЕП: Шаќири прекрасно погоди против Шкотска (ВИДЕО)

Во моментов се игра дуелот помеѓу Шкотска и Швајцарија а резултатот е 1-1. Најпрво Шар во 13. минута си постигна автогол при што Шкотска поведе, а потоа Шаќири погоди и постигна прекрасен гол, типичен за него. Швајцарија е втора во оваа група а Шкотска е под притисок да го добие овој натпревар за да биде во игра за пласман во нокаут фазата. Германија веќе се пласира и има две победи, а Унгарија е последна со два пораза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.