Нова шокантна изјава на Тен Хаг: Не го признавам поразот од Тотенхем

October 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова шокантна изјава на Тен Хаг: Не го признавам поразот од Тотенхем

Манчестер Јунајтед викендов го очекува ново тешко гостување кај Вест Хем во Премиер лигата. Тренерот Ерик Тен Хаг повторно го привлече вниманието во јавноста со својата изјава каде рече дека поразот од Тотенхем од пред еден месец не го признава. „Не го признавам тој пораз, бидејќи ни беше исклучен фудбалер во моментот кога губевме со еден гол разлика. Не е фер да се зборува за тој меч, зашто јасно е дека по неправилниот црвен картон немавме шанса да се вратиме. Тоа што е поважно е што овој тим подоцна покажа дека има карактер, барем така беше и на европските натпревари со Порто и Фенербахче“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.