ОФИЦИЈАЛНО: И Хумелс заминува од Дортмунд

June 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: И Хумелс заминува од Дортмунд

Борусија Дортмунд и централниот дефанзивец Матс Хумелс (35) ќе се разделат по вкупно повеќе од 13 години успешна соработка. Ова е резултат од разговорот што го имаа спортскиот директор на Дортмунд Ларс Рикен, спортскиот директор Себастијан Кел и Матс Хумелс оваа недела. „Почитувани фанови, моето време во црно-жолто сега завршува по вкупно повеќе од 13 години. За мене беше огромна чест и радост што играв за овој клуб толку долго и што бев дел од патувањето од 13-то место во јануари 2008 година до она што денес е Борусија Дортмунд. Овој клуб со своите навивачи е нешто многу посебно и за мене, многу повеќе од тоа“, вели Матс Хумелс. Тој се заблагодари на сите вработени во Борусија кои прават одлична работа за овој клуб и на фановите. „Држам скрстени прсти дека сите повторно ќе се сретнеме за да прославиме што е можно поскоро. Дотогаш ќе навивам од далеку и се надевам одвреме-навреме на стадион", рече тој. Иако се шпекулираше дека еден од Терзиќ и Хумелс ќе остане сепак на крај и двајцата заминаа. Дортумнд сезонава беше финалист во Лигата на шампионите каде претпе пораз од Реал Мадрид со 2-0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.