June 5, 2024 | | Свет
Стигна и потврда од Наполи, Конте е новиот тренер откако имаа многу лоша сезона.
Договорот е потпишан до 2027 година, а тој ќе биде најплатениот тренер во Серија А.
„Многу сме горди бидејќи нов тренер на Наполи е Антонио Конте. Антонио е врвен тренер, лидер, со кој сум сигурен дека може да започне потребната реоснова по завршувањето на циклусот што нè доведе до освојување на скудетото минатата година по многу сезони во врвот на италијанскиот фудбал. Денеска се отвора важно ново поглавје во историјата на Наполи“, изјави претседателот Аурелио Де Лаурентис.
„Наполи е место од глобално значење. Среќен сум и возбуден од идејата да седнам на сината клупа. Сигурно можам да ветам една работа: ќе дадам се од себе за раст на тимот и клубот. Моја посветеност заедно со мојот персонал ќе биде тотален“, изјави Антонио Конте.
Инаку, во договорот не постои клаузула за раскинување на договорот или некаква клаузула со кој би го напуштил клубот. Тој ќе има задача Наполи повторно да го направи конкурентен тим првично во Серија А, а потоа и во европските натпреварувања. Големи се шансите да остане без Виктор Осимен, па една од приоритетните позиции за ангажирање најверојатно ќе му биде напаѓач.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |