Откриена е платата на Гатузо во Хајдук: Заработува повеќе отколку во Наполи!

August 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриена е платата на Гатузо во Хајдук: Заработува повеќе отколку во Наполи!

Хајдук не ја започна сезоната на онаков начин на кој посакуваше. Откако дојде Гатузо, веќе избија скандали, а еден од нив е конфликтот со Иван Перишиќ кој се очекува да замине од Хајдук. Според информациите на Едо Пеци од Сплит, управата на Хајдук му плаќа дебело на Гатузо за да биде тренер на хрватскиот тим. Имено, овој новинар тврди дека Гатузо има плата од 2.4 милиони евра годишно. Исто така, во случај договорот да биде раскинат, Хајдук ќе треба да му исплати 2.5 милиони евра. Претходно, Гатузо како тренер во италијански Наполи добиваше два милиони евра по сезона. Во Валенсија и Марсеј пак, неговата плата беше околу три милиони евра годишно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.