Ова се составите на Холандија и Полска: Левандовски го нема, Депај ќе биде шпиц

June 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ова се составите на Холандија и Полска: Левандовски го нема, Депај ќе биде шпиц

И официјално објавени се почетните 11 на селекциите на Холандија и Полска. Кај Полска го нема Левандовски поради повреда, па така остана на клупата, а тука се Шчесни и Зиелински како лидери. Кај Холандија пак, напаѓачката тројка се Гакпо, Депај и Чави Симонс, а во одбраната ќе ги предводи лидерот Ван Дајк. Почетни состави: Полска (3-4-2-1): Шчесни; Беднарек, Саламон, Кивиор; Залевски, Романчук, Зиелински, Франковски; Шимански, Урбански; Букса Холандија (4-3-3): Вербруген; Аке, Ван Дајк, Де Вриј, Дамфрис; Шутен, Реијндерс, Верман; Гакпо, Депај, Симонс Натпреварот ќе се одигра на „Волкспаркстадион“ во Хамбург и е закажан за во 15 часот.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.