Падна договор: Тухел е нов селектор на Англија!

October 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Падна договор: Тухел е нов селектор на Англија!

Томас Тухел ќе биде новиот селектор на Англија, пренесе Фабрицио Романо со познатото „Here we go“. Условите се договорени, договорот наскоро ќе биде потпишан, а воедно и официјална потврда се очекува наскоро. Тухел преговараше за оваа позиција уште од јули и сега конечно е постигнат договор. Германецот беше без тренерски ангажман откако минатата сезона го напушти Баерн Минхен, а летото беше во големи преговори и со Манчестер Јунајтед за да го замени Ерик Тен Хаг. Претходно, беше тренер и на Челси, ПСЖ, Дортмунд и Мајнц.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.