June 14, 2024 | | Свет
Репрезентацијата на Франција е една од фаворитите за освојување на ова Европско првенство, а првиот свој натпревар ќе го одигра во понеделник во дуелот против Австрија. Но, Французите наидоа на големи проблеми. Имено, одредени фудбалери, но и селекторот Дешам се здобиле со вироза. Најлошо поминал Кингсли Коман кој се здобил со воспаление на горните дишни патишта. Неколкумина се жалеле грчеви и главоболки. Коман вчера не тренираше, а го немаше ниту Мбапе кој се симна на теренот, меѓутоа не тренирал со соиграчите. Се уште нема информации за тоа кој од фудбалерите ќе биде спремен за дуелот во понеделник.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |