June 11, 2024 | | Свет
Србија полека се подготвува за Европското првенство па наскоро ќе го имаат и првиот тренинг во Германија, земјата каде ќе се одржи ЕП. Во пресрет на турнирот, селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси рече дека тие се спремни и подготвени каде најави борба за елиминациската фаза. Пикси вели дека никој не дошол да се фотографира и да бара некаква популарност, туку целта е само фудбалот и успешниот настап на тимот. „Нашите играчи се ѕвезди во своите клубови, но тука се работи за сосема поинаков концепт. Србија првпат игра на континенталните собири, па затоа сакаме овој настап да биде историски. Не дојдовме во Германија за да се фотографираме или да бараме некаква популарност“, рече тој. Првиот дуел на Србија е против Англија и тоа на 16-ти јуни со почеток од 21 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |