Победа на Реал: Мбапе и Вини ја решија Селта (ВИДЕО)

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Победа на Реал: Мбапе и Вини ја решија Селта (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари тешка победа на гостувањето кај Селта Виго со 2-1. Мбапе го отвори резултатот во 20. минута со прекрасен удар од далечина. Во вториот дел, Сведберг возврати во 51. минута на асистенција на Мингеза. Во вториот дел домаќините одиграа подобро, но сепак трите бода се кај Реал Мадрид каде одлучувачкиот погодок го постигна Винисиус во 66. минута кога Модриќ даде убава топка во простор за Бразилецот кој го заобиколи голманот и успеа да погоди. Притисокот сега повторно е на Барселона која утре ја дочекува Севиља.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.