June 9, 2024 | | Свет
Војна е во најава помеѓу двата најголеми гиганти, Барселона и Реал Мадрид во однос на тоа кој ќе го ангажира Флориан Вирц. Марка денес објави дека Реал има договор и со фудбалерот и со Баер за трансферот кој треба да се реализира идното лето, а кој ќе биде најскап во историјата на клубот. Станува збор за 150 милиони евра со што ќе стане најплатен играч во историјата на Реал и ќе го надмине досегашниот рекорд на Еден Азар (120,8 милиони). Наводно, Реал би можел и летово да го донесе Вирц, но ќе го остави на калење во Баер уште една година имајќи предвид дека таму ќе може да игра и во Лигата на шампионите и дополнително да созрее пред трансферот на Бернабе. Се споменува дури и дека Чаби Алонсо заедно со Вирц ќе дојде во Реал Мадрид следната година како наследник на Анчелоти. Од друга страна пак, според пишувањата на новинарот Фернандо Поло од каталонскиот весник „Mundo Deportivo“, Вирц е „ултимативен сон“ на управата на Барселона па така тие веруваат дека ќе имаат финансиска моќ да го донесат наредното лето. Вирц неколку пати отворено зборуваше за неговите симпатии спрема Барселона па останува да се види колку реално оваа операција може да се изведе. Вирц пак отворено има признаено дека е симпатизер на Барселона. „Како дете сонував да играм за Барса и тоа не се промени. Дури имам постери од Меси и Дембеле во својот дом“, рече тој пред две години во интервју за Sky Sport Germany.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |