October 25, 2024 | | Свет
Реал Мадрид и Барселона во сабота со почеток од 21:00 часот ќе одиграат ново „Ел Класико“, прво оваа сезона. Каталонците имаат предност од три бода и овој натпревар се очекува да биде еден од најспектакуларните дуели помеѓу овие два тима во последните години. Според информациите на „AS“, Карло Анчелоти има план како да ја запре Барселона. Италијанецот планира да се потпре на брзината и квалитетот на Винисиус и Мбапе и топката да ја даде на Барселона. Се очекува Лука Модриќ да биде сигурен стартер, како и Белингем и Валверде. Дилемата за четвриот играч во средината е помеѓу Чуамени и Камавинга. Во одбраната ќе настапат Лукас Васкез, Едер Милитао, Антонио Рудигер и Ферланд Менди, а на голот ќе биде Лунин бидејќи Куртоа доживеа повреда на мускулот и нема да настапи на овој натпревар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |