Премиер лигата објасни зошто голот на Стонс бил регуларен (ВИДЕО)

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Премиер лигата објасни зошто голот на Стонс бил регуларен (ВИДЕО)

Манчестер Сити дојде до многу важна победа на гостувањето кај Вулверхемптон, а трите бода дојдоа со голот на Стонс во 95. минута од корнер. Првично, линискиот судија го подигна знаменцето сигнализирајќи офсајд, потоа главниот судија Кавана сам ја гледаше спорната ситуција, по што одлучи да досуди гол за гостите. Во оваа ситуација, Бернардо Силва беше близу до голманот со што како последен играч се сметаше дека му попречува на голманот за да реагира, но сепак судијата одлучи дека тој навремено се оддалечил од него и со тоа не му засметал на голманот за да може да интервенира. „Голот на Стоунс беше поништен на теренот поради тоа што Бернардо Силва беше во офсајд позиција и во линија на видикот на голманот. ВАР сметаше дека Бернардо не беше во линија на попречување на видикот и дека нема никакво влијание врз голманот. Поради тоа, судијата ја поништи првобитната одлука и досуди гол за Сити“, стои во објаснувањето на Премиер лигата.

ВИДЕО од голот на Стонс:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.