Пресврт: Шешко останува во Лајпциг и потпишува нов договор

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пресврт: Шешко останува во Лајпциг и потпишува нов договор

Шешко ова лето се поврзуваше со трансфер во тимови од Премиер лигата, поточно со Арсенал, Челзи и Манчестер Јунајтед. Сепак, Фабрицио Романо ексклузивно објавува дека Шешко одлучил да остане во Лајпциг и сеуште да стекнува искуство таму. Романо додава дека ваквата одлука е многу слична на онаа на Халанд кога пред неколку години изнендувачки остана во Дортмунд за дополнително да се развива. Исто така, во случајот на Шешко ќе биде направен џентелменски договор за да му биде во иднина дозволено под нормални услови да го напушти клубот. Сезонава настапи на 31 натпревар во Бундеслигата постигнувајќи 14 голови и две асистенции, а по два пати ја тресеше мрежата и во Лигата на Шампиони и Купот на Германија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.