October 22, 2024 | | Свет
Реал Мадрид направи пресврт во свој стил, а овој пат страдаше Борусија Дортмунд. Откако во првиот дел Дортмунд водеше со два гола разлика каде стрелци беа Мален и Гитенс, во вториот дел Реал успеа да постигне дури пет гола со што конечниот резултат беше 5-2. Ридигер во 60. минута постигна гол на асистенција на Мбапе, а само три минути подоцна Винисиус целосно го врати Реал во игра. Целосниот пресврт дојде во 83. минута каде прекрасно стрелаше Лукас Васкес, а победата ја потврди Винисиус во еден одличен соло продор. Во 93. минута Бразилецот го постигна и својот трет гол на натпреварот и тоа во 93. минута. Во вториот дел Дортмунд се повлече и чекаше шанса преку контра напад. Гостите имаа неколку шанси со кои можеа повторно резултатски да се вратат во игра, но неуспешно.
VINI JR HATTRICK GOAL pic.twitter.com/NIVYeM2qfj
— WolfRMFC (@WolfRMFC) October 22, 2024
BALLON DOR VINICIUS JR SCORES THE FOURTH pic.twitter.com/WW8YwE8x1F
— ًَ (@ViniXtra_) October 22, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |