June 15, 2024 | | Свет
Бразилската фудбалска репрезентација поминува низ еден турбулентен период под водство на новиот селектор Доривал Жуниор. Легендата Роналдињо е разочаран од играта на Бразилците пред самиот почеток на Копа Америка. „Нема да гледам ниту еден натпревар на Бразил. На репрезентацијата и недостасува се. Одлучност, радост, добар фудбал. Ќе го напуштам Бразил”, изјави тој. Ова изјава дополнително наметнува притисок врз бразилската репрезентација. Се отвара прашањето дали со играта која моментално ја пружат колку далеку можат да стигнат во Копа Америка оваа година. Инаку, Роналдињо се пензионираше во 2015 година како играч на Флуминенсе, а играше и за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |