Роналдо ќе се тргне само ако му кажат дека не е корисен, сака да игра и на следното Светско

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо ќе се тргне само ако му кажат дека не е корисен, сака да игра и на следното Светско

Роналдо не планира да застане во скоро време, судејќи спрема информациите кои доаѓаат од Португалија. Кристијано би се повлекол само ако му кажат дека веќе не е потребен, односно ако не се вклопува во плановите на селекторот, а изразува желба да настапи на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Тој ќе настапи на Европското првенство оваа година, а истото веќе го освои во 2016 година. Португалија има навистина квалитетни индивидуалци, но допрва ќе се знае дали тоа ќе биде доволно за успех.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.