June 3, 2024 | | Свет
Џејдон Санчо ќе се врати во Јунајтед летово само ако Тен Хаг не продолжи како тренер, пишува англискиот Daily Mirror.
Полусезоната ја помина на позајмица во Дортмунд откако влезе во конфликт со тренерот на Јунајтед Тен Хаг. Ставот на тренерот беше дека Санчо не тренирал доволно напорно за да може да игра за англискиот гигант, па така тој замина на шест месечна позајмица.
Санчо имаше одлични настапи во Лигата на шампионите особено во двомечот против ПСЖ и беше еден од најистакнатите играчи од редовите на Дортмунд до нивниот пат до финалето.
Дортмунд би сакал пак да го врати назад Санчо, но финансискиот аспект го отежнува овој трансфер бидејќи Јунајтед наводно би барал околу 50 милиони фунти за реализација на овој трансфер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |