June 14, 2024 | | Свет
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт во изјава за медиумите рече дека е возбуден што ќе се обидат да го направат она што на никој англиски тим досега му нема успеано. „Никогаш не сме освоиле Европско првенство. Никогаш не сме освоиле турнир на гости. Се чини дека многу луѓе мислат дека може да ни биде лесно, но фактот дека никогаш порано не сме победиле значи дека ќе биде исклучително тешко“, рече тој. Според обложувалниците, Англија е главен фаворит за освојување на Европското првенство. Борбата за трофејот ќе ја започнат во недела во дуелот против Србија. Англија е во групата Ц со Србија, Данска каде на 20-ти јуни ќе играат против нив и Словенија, дуел закажан за 25-ти јуни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |