Саутгејт: Задоволен сум, напаѓачите играа добро

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Саутгејт: Задоволен сум, напаѓачите играа добро

Селекторот на Англија Герет Саутгејт рече дека е задоволен од настапот на неговата репрезентација во поголемиот дел од натпреварот. „Србија е силен тим. Задоволен сум од играта во поголемиот дел од натпреварот. Во вториот дел не ја држевме топката како што би сакал, но остваривме многу важна победа“, вели Саутгејт. Англија славеше минимално со 1-0 против Србија во првото коло од групната фаза на Европското првенство. Откако Англичаните го постигнаа голот, се повлекоа и играа на резултат. Второто полувреме особено покажаа многу слаба игра што секако загрижува. Англија во второто коло игра со Данска, а Србија со Словенија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.