Шефот на Сити: Ќе најдеме решение за Пеп да остане

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шефот на Сити: Ќе најдеме решение за Пеп да остане

Претседателот на „граѓаните“ Калдун Ал Мубарак во интервју за Sky Sports рече дека ќе започнат преговори за иднината на менаџерот Пеп Гвардиола чиј договор истекува следното лето. Тој потенцираше дека во разговорите двете страни ќе се обидат да го најдат „вистинското решение“.

Иако Гвардиола претходно изјави дека е поблиску да замине отколку да остане, сепак Ал Мубарак е упорен во намерата да го убедат да остане.

„Овој разговор сме го имале многу пати. Пеп отсекогаш бил целосно посветен на овој клуб, целосно посветен на секој договор што го потпишал со нас. Одлуката за неговата иднина отсекогаш била одлука што ќе ја донесеме заедно. Не се сомневам дека, како што секогаш правевме, ќе го најдеме вистинското решение и за Пеп и за нас“, рече Ал Мубарак.

Гвардиола сигурно бурно ќе ги следи сослушувањата кои неговиот клуб ќе ги има пред Премиер лигата каде против нив има 115 пријави. Но, неговиот клуб настапи изненадувачки па и тие ја тужеа Премиер лигата тврдејки дека биле дискриминирани.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.