September 4, 2024 | | Свет
Винисиус Жуниор неколку пати досега во Ла Лига беше мета на расистички напади каде рака на срце најчесто тој знаеше да ги поттикне таквите напади. „Ако до 2030 не се реши проблемот со расизмот во Шпанија, треба да ѝ се одземе Светското првенство. Се надевам дека Шпанија дотогаш може да еволуира и сфати дека е сериозно да се навредува некој поради бојата на кожата. До 2030 има многу време за достигнување на таа еволуција. Ако дотогаш не успее, мислам дека домаќинот на Светското првенство мора да биде променет бидејќи комплицирано е ако играчите не се чувствуваат удобно и сигурно во земја каде што треба да играат“, вели Винисиус. Тој вели дека сака да направи промени бидејќи повеќето од Шпанците според него не се расисти. „Мала група го руши имиџот на целата земја, во која инаку е убаво да се живее. Ја сакам Шпанија, тука имам најдобри услови за живот со семејството, но мораме да го искорениме расизмот“, додаде Бразилецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |