Словачка ја сруши Белгија која се изнапромаши (ВИДЕО)

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Словачка ја сруши Белгија која се изнапромаши (ВИДЕО)

Се случи и првото големо изненадување на ова Европско првенство. Словачка со минимални 0-1 успеа да ја совлада Белгија со голот на Шранц во 7. минута. Белгија се обидуваше, напаѓаше, но не успеаа да избегнат пораз каде се истакнаа со многу пропуштени шанси, особено Лукаку. Интересен е фактот што Лукаку е првиот играч кој постигнал два гола, а кои потоа биле поништени од ВАР за време на натпревар на Европското првенство. Белгија пропуштија премногу шанси и реално не го заслужија овој пораз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.