Соиграчот на Столе во неволја: Уапсен е поради сексуален напад

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Соиграчот на Столе во неволја: Уапсен е поради сексуален напад

Рафа Мир кој моментално игра за Валенсија, а е дојден на позајмица од редовите на Севиља беше уапсен поради сексуален напад. Наводно, тој бил пријавен од страна на две девојки кои биле во неговата куќа, а уапсен бил и еден маж. „Во врска со медиумските извештаи кои се појавија во врска со апсењето на фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир, ве известуваме дека клубот е запознаен со споменатото апсење. Во отсуство на детали за тоа, клубот засега може само да потврди дека ќе соработува во сѐ што бара правдата“, објави Валенсија. Напаѓачот се пресели во Волвс од Валенсија во 2018 година, но играше само во четири наврати за клубот. Тој се приклучи на Севиља во 2021 година по позајмиците во Нотингем Форест, Лас Палмас и Хуеска за време на неговиот престој во Волвс. Мир се врати во Валенсија на позајмица во јули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.