Специјалниот пречекан во Истанбул како крал (ВИДЕО)

June 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Специјалниот пречекан во Истанбул како крал (ВИДЕО)

Мурињо и официјално беше претставен како нов тренер на Фенербахче а излегоа информации дека неговото претставување го следеле околу 250.000 луѓе во живо на Youtube. „Сакам да му помогнам на турскиот фудбал да напредува, но мојот приоритет не е турскиот фудбал, туку Фенербахче. Од моментот кога го потпишав договорот, вашите сонови сега се и мои сонови“, рече Мурињо. Последен негов ангажман беше Рома каде ги тренираше на вкупно 138 натпревари. Ова е нов предизвик за Специјалниот и негова петта различна лига каде ќе биде тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.