Србија ќе се повлече од ЕП ако УЕФА не ги санкционира Албанија и Хрватска

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Србија ќе се повлече од ЕП ако УЕФА не ги санкционира Албанија и Хрватска

Фудбалскиот сојуз на Србија ја искажа фрустрацијата откако навивачите на Албанија и Хрватска ги навредуваа Србите за време на нивниот меѓусебен дуел. Тие ќе бараат од УЕФА најстрога казна. На стадинот во Хамбург се слушаа извици „Убиј го Србинот“, па коментар даде и генералниот секретар на српскиот сојуз Јован Шурбатовиќ. „Скандалозно е тоа што се случи. Фудбалскиот Сојуз на Србија ќе бара од УЕФА жестоки казни, по цена да не го продолжи учеството на ЕП. Ова е навистина скандалозно и не сакаме никогаш да се повтори. Ако тоа не се случи, сериозно ќе размислиме како понатаму. Ќе видиме дали воопшто вреди да се биде овде. Овие работи немаат врска со спортот и со фудбалот, не сакаме да го политизираме ЕП, но тоа го прават некои други земји, ние само реагираме“, изјави Шурбатовиќ.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.