Стигна потврда и од агентот на Олмо: Барса одбила страшна понуда за Јамал!

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна потврда и од агентот на Олмо: Барса одбила страшна понуда за Јамал!

Ламин Јамал е новата ѕвезда во светскиот фудбал. Тој има неверојатен почеток на сезоната под палката на Ханси Флик каде веќе има постигнато три гола и четири асистенции. Огромно внимание Јамал привлече на Европското првенство, а агентот на Дани Олмо Енди Бара сега откри колкава понуда Барселона одбила за Јамал. „Можам да ви кажам со сигурност, Барселона одби 250 милиони евра за Ламин Јамал“, изјави Бара. Скоро па сигурно ПСЖ е тимот кој ја испратил таа понуда каде во изминатиот период и самиот Лапорта потврди дека одбиле огромна понуда за Јамал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.