Сунес прогнозира: Ѕвездата на Ливерпул ќе замине во Реал, близок е со Белингем

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сунес прогнозира: Ѕвездата на Ливерпул ќе замине во Реал, близок е со Белингем

Грем Сунес е еден од најпознатите стручњаци во Англија, а воедно е и голема легенда на Ливерпул. Тој често знае да претера со критикување особено на играчите кои не играат за Ливерпул а се дел од Премиер лигата, но овој пат зборуваше и за играч на неговиот поранешен тим. Тој зборуваше за Трент Александер Арнолд чиј договор истекува наредното лето, а во моментов нема информации за тоа дали преговара за нов договор со Ливерпул или сепак размислува за промена на средината. Според Сунес, Арнолд може да заврши во Реал Мадрид. „Ова е само моја претпоставка, но имам право да прогнозирам. Белингам е добар пријател на Трент и мислам дека Арнолд ќе заврши во Реал Мадрид. Го напуштате Ливерпул само за клуб како Реал Мадрид, а Трент е создаден за Реал. Тоа е единствениот клуб кој може да го предизвика после Ливерпул, мислам дека Барселона не може да го плати Трент во овој момент. Исто така, не верувам дека би завршил во Баерн“, вели Сунес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.