Тен Хаг мака мачи со ѕвездите на Јунајтед, сите имале различни желби

June 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг мака мачи со ѕвездите на Јунајтед, сите имале различни желби

Моменталната состојба во Манчестер Јунајтед е загрижувачка, особено кога станува збор за атмосферата во соблекувалната. Играчи како Ентони, Рашфорд, Каземиро и Варан прават одредени работи кои му наштетуваат на клубот, пренесува „The Athletic“. Како што пренесува нивниот новинар Лори Витвел, Тен Хаг бил многу разочаран од трансферот на Ентони во Манчестер Јунајтед бидејќи се случуваат многу работи поврзани со него. Ентони влегол во конфликт со Тен Хаг кога тренерот му кажал дека треба да игра лев бек против Ливерпул во ФА Куп сезонава, на што Ентони имал забелешки. Тен Хаг влегол во кавга со него во соблекувалната и му рекол дека ќе игра онаму каде тој ќе каже. Имало и друга ситуација кога Тен Хаг брутално го критикувал Ентони во соблекувалната кога влегол од клупата во победата со 2-0 против Евертон на што Ентони бурно реагирал. Што се однесува до другите фудбалери, Каземиро и Варан биле против тактичката замисла на Тен Хаг и биле на став дека тој фудбал не им одговара, а од страна на клубот им било кажано дека Ла лига во која претходно и двајцата играа за Реал Мадрид е послабо натпреварување па тактичките замисли од Реал Мадрид тешко би успеале во Премиер лигата. Рашфорд пак, без дозвола од клубот бил на забави во Белфаст и тоа две вечери каде за дуелот на Јунајтед во ФА Купот со Њупорт Каунти го известил клубот дека е болен се со цел да го пропушти натпреварот. Исто така, од претходно е познат и конфликтот на Тен Хаг со Санчо поради неговото незалагање, како и конфликт кои двајцата го имале околу тоа на која позиција треба да игра Санчо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.