June 11, 2024 | | Свет
Новата управа на Манчестер Јунајтед беше во потрага по нов тренер. Пред неколку дена беше потврдено дека Томас Тухел се повлекол од преговорите со Јунајтед за нов тренер, иако според информациите, преговорите биле во напредна фаза. Покетино и Мекена претходно испаднаа како опции за нов тренер. Тен Хаг пак сака што е можно побрзо да дознае дали ќе продолжи во Јунајтед или не. Единствен кандидат кој остана, а кој тешко може да биде следен тренер на Јунајтед е Томас Франк, сегашниот тренер на Брентфорд, а во прилог не му оди и тоа што нема ниту еден освоен трофеј како тренер во кариерата. Дури и Дејвид Орнстин, новинарот на „The Athletic“ кој е добро упатен во овие случувања шегувајќи се рече дека и тој веќе се откажал од ова и дека не е сигурен што ќе се случи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |