Трагедија: Почина 26 годишниот голман на селекцијата на Црна Гора

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагедија: Почина 26 годишниот голман на селекцијата на Црна Гора

Ужасни вести пристигнуваат од Црна Гора утрово. Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ, почина на 26 години, а ова беше објавено од неговиот клуб Милвол. Околу 6:30 му се слошило, а неговите пријатели повикале брза помош, но лекарите за жал не успеале да го спасат. Негов последен настап за Црна Гора беше на 5. јуни на пријателската средба со Белгија. „Милвол е целосно уништен што мора да објави дека Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст. Првиот голман на „лавовите“, забележа 33 настапи за клубот откако пристигна од Вулверхемптон во август 2023 година. Репрезентативецот на Црна Гора, Матија гордо ја претставуваше својата земја во повеќе наврати. Сите вработени во клубот упатуваат пораки на љубов и сочувство до семејството и пријателите на Матија во овие моменти на неизмерна тага. Клубот во овој момент нема да коментира повеќе и апелира да се почитува приватноста на семејството на Матија“, стои во соопштението од Милвол. Првите информации укажуваат на тоа дека најверојатно станува збор за природна смрт. Шаркиќ бил роден во Англија затоа што татко му бил амбасадор на Црна Гора во таа земја, како и во Белгија. Кариерата во главно ја поминал во Англија освен почетокот во Андерлехт, а играл за англиските клубови Астон Вила и Вулверхемптон, каде бил на бројни позајмици, а минатата сезона во Милвол. Таму беше прв голман, а навивачите на култниот лондонски клуб беа шокирани од веста од Црна Гора.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.