Тухел тврди: Јас сум вистинскиот тренер за Јунајтед

June 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тухел тврди: Јас сум вистинскиот тренер за Јунајтед

Како што пренесува германскиот весник „Bild“, Тухел разговарал со Ретклиф во вторникот во Монте Карло. Јунајтед допрва треба да ја соопшти одлуката за иднината на менаџерот Ерик тен Хаг. На таа средба, Тухел одговорил на начин на кој Ретклиф сакал да слушне и тврдел дека тој е вистинската опција за следен тренер на Манчестер Јунајтед. Тен Хег го предводеше Јунајтед до 13-та круна во ФА Купот минатиот месец, зајакнувајќи ги неговите шанси да остане на чело. Јунајтед пак не ја отфрла можноста да го задржи Холанѓанецот кој сака што поскоро да се разјасни неговата позиција. И покрај сите шпекулации околу иднината на Тен Хег, ниту еден кандидат сеуште се нема наметнато како јасен фаворит за да ја превземе клупата на Јунајтед.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.