Уште еден играч на Реал Мадрид преминува во Саудиска Арабија

June 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уште еден играч на Реал Мадрид преминува во Саудиска Арабија

Се поизвесно е уште еден фудбалер ќе го напушти Реал Мадрид и ќе премине во Саудиска Арабаија, а според информациите на Фабрицио Романо, станува збор за стоперот Начо. Ал-Итихад е тимот со кој преговара и кои се во напредни разговори со Начо кој после јуни станува слободен агент. Во 2012 година од вториот тим тој беше промовиран и од тогаш е редовен член на првиот тим на Реал Мадрид. Со Реал освои се што може да се освои, а сезонава во Ла лига настапи на 29 натпревари. Примарна позиција му е стопер а може да одговори и како лев и како десен бек.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.