Уште еден играч на Сити против УЕФА и ФИФА: Можеби ќе се пензионирам на 30 години

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уште еден играч на Сити против УЕФА и ФИФА: Можеби ќе се пензионирам на 30 години

Стоперот на Манчестер Сити и на селекцијата на Швајцарија Мануел Аканџи е уште еден играч на Сити после Де Брујне и Бернардо Силва кој изрази големо незадоволство поради пренатрупаниот распоред на натпревари. Според него, ваквиот ритам е тешко да се издржи и дека можеби и ќе заврши со фудбалот многу помлад. „Не може само да додавате натпревари и да мислите дека сè ќе остане како и дотогаш. Мора да се мисли и на фудбалерите. Во еден момент ќе бидете заморни, а потоа стигнуваат и повредите. Тренираме добро и подготвени сме, но мора да постои граница. Можеби ќе се пензионирам на 30 години“, саркастично изјави Аканџи кој во моментов има 29 години. Но, со ваквата изјава тој сакаше да укаже на големиот број на натпревари на кои се изложени фудбалерите. „Не размислувате само за оваа сезона, туку и за следната. Да речеме дека ја освоивме лигата или купот, потоа одиме во финалето на Светското клупско првенство, Комјунити Шилд е три недели потоа, па кога ќе одиме на одмор?“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.