January 21, 2025 | | Свет
Барселона се надеваше дека Војчех Шчесни ќе биде вистинско засилување по повредата на Марк-Андре Тер Штеген, но неговата изведба против Бенфика во првиот дел можеби ќе се памети токму поради неговите испади. Во 22. минута, Шчесни направи кобна грешка со непотребен излет далеку од голот. Наместо да интервенира правилно, полскиот голман го собори својот соиграч Балде, овозможувајќи му на Павлидис лесно да ја смести топката во празната мрежа и по вторпат да ја донесе Бенфика во водство со 2-1. Ова се случи откако Левандовски претходно израмни од пенал. Павлидис, кој веќе има хет-трик на овој натпревар, го отвори резултатот уште во втората минута, а во 30. минута повторно беше прецизен од белата точка. И за овој трет погодок вина сноси Шчесни, кој направи пенал во обид да го одбрани својот гол. Бенфика на полувреме води со 3-1, а критиките кон Шчесни после овој натпревар и тоа како ќе бидат огромни.
Co tu odjebał Szczęsny z Balde. pic.twitter.com/U9SUSAD0sz
— Wuja Jurek ⚽️🇵🇱 (@WujaJurek) January 21, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |