Ужасни сцени: Прекинат мечот Фиорентина – Интер, колабираше Едоардо Бове! (ВИДЕО)

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасни сцени: Прекинат мечот Фиорентина – Интер, колабираше Едоардо Бове! (ВИДЕО)

Во 16. минута Лаутаро Мартинес ја затресе мрежата на противникот по асистенција на Дензел Думфрис, но голот беше поништен поради сомнеж дека топката излегла во аут пред Думфрис да упати пас кон Лаутаро. И додека се чекаше да се заврши ВАР проверката и на екранот да се појави јасен доказ, ситуацијата на теренот нагло се смени. Едоардо Бове, без никаков предупредувачки сигнал, изгуби свест и падна на теренот. Лекарските екипи веднаш се упатија кон него, а играчите од двете екипи брзо реагираа, создавајќи прстен околу несреќниот фудбалер, со цел да го заштитат од ненамерно снимање од страна на публиката. Се создаде вистинска драма, кога амбулантното возило не успеа да стигне до местото каде што лежеше Бове, па лекарите го носеа на носилка до него. По брзата медицинска интервенција, играчот беше транспортиран во болница, додека судијата ги упати двата тима во соблекувалните, чекајќи да се расчистат околностите. Засега информации за неговата состојба нема, но изразите на теренот беа загрижувачки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.