Варди го „полуде“ Тотенхем: Им заби гол, а потоа ги зафркаваше гостинските навивачи! (ВИДЕО)

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Варди го „полуде“ Тотенхем: Им заби гол, а потоа ги зафркаваше гостинските навивачи! (ВИДЕО)

Лестер и Тотенхем одиграа нерешени 1-1 каде во првото полувреме слободно може да се каже дека гледавме само еден тим, оној гостинскиот кој поведе во 29. минута по асистенција од Медисон каде Педро Поро беше стрелец. После 13. минути игра во вториот дел, Џејми Варди погоди за 1-1 каде иако се очекуваа уште голови, овој резултат беше конечен. По излегувањето од игра на Варди, тој реши да ги зафркава навивачите на Тотенхем каде се сврте кон трибината на која беа гостинските навивачи буквално им сигнализираше: „Јас имам една титула во Премиер лигата, вие немате ниту една“. Ова е потег во негов стил, а токму Англичанецот недостасуваше во Премиер лигата со неговите епски и луди потези.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.