Венецуелците ги пуштија прскалките на терен за да не изгубат, Бразилците збеснаа! (ВИДЕО)

November 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Венецуелците ги пуштија прскалките на терен за да не изгубат, Бразилците збеснаа! (ВИДЕО)

Венецуела вчера не бираше никакви средства и беше спремна на сѐ само за да не биде поразена од Бразил во натпревар кој заврши 1-1. Рафиња постигна прекрасен гол од пенал, домаќините возвратија, а Винисиус промаши пенал, а го утна и вториот обид за да постигне гол. Ова беше дуел во кој домаќините во 89 минута останаа со играч помалку, па користеа начини за да останат непоразени. Бразилците жестоко притискаа во судиското продолжение кога одеднаш се вклучија прскалките на теренот, па судијата за кратко ја прекина играта. Најжестоки беа реакциите на Рафиња и Вини Жуниор кои ја прочитаа намерата на домаќините.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.