ВИДЕО: Голот на Ендрик во 96. минута со кој го сруши Мексико

June 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ВИДЕО: Голот на Ендрик во 96. минута со кој го сруши Мексико

Голот кој го постигна младиот Ендрик кој ова лето ќе му се придружи на Реал Мадрид и донесе победа на Бразил во пријателскиот натпревар против Мексико. Најпрво, резултатот го отвори Андреас Переира во 5. минута, во 54. минута водството го дуплираше Мартинели, па откако Бразилците се опуштија, следуваа два гола на Мексико. Првиот дојде од Квинонес во 73. минута, а вториот од Мартинез во 92. минута. Сепак, нешто се прашуваше и Бразил кој успеа да постигне гол во 96. минута кој го постигна Ендрик на асистенција на Винисиус. Пред Копа Америка, Бразил ќе одигра уште еден контролен натпревар и тоа против САД, а Мексико ќе го чека почетокот на турнирот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.