October 26, 2024 | | Свет
Реал Мадрид и Барселона после првите 45 минути одиграа без голови, што би се рекло, ко за чудо. Домаќините фуриозно го започнаа натпреварот и беа агресивни и имаа неколку шанси, но високата линија на Барселона засега функционира бидејќи Реал Мадрид беше фатен дури осум пати во офсајд од кои шест пати само Мбапе беше фатен во недозволена позиција. „Кралевите“ генерално одиграа подобро прво полувреме каде покажаа поголема желба за да дојдат до гол, а Каталонците засега можат да се издвојат со добрата офсајд замка. Чисти шанси за гол кај Реал имаа Мбапе на самиот старт, како и Винисиус, а во редовите на Барселона Јамал ја имаше најголемата шанса. Опасно се закани и Рафиња, но неговиот шут заврши над голот на Лунин. Во вториот дел се очекуваат голови бидејќи и двата тима треба да се борат за тоа кој прв ќе дојде до гол.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |