October 5, 2024 | | Свет
Селекторот на Франција Дидие Дешам реши да не го повика Мбапе за репрезентацијата откако сметаа дека Французинот е повреден и нема да може да настапи. Но, во исто време Мбапе е повикан за дуелот со Виљареал, па од тука се отвара прашањето колку тој навистина беше повреден. Од репрезентацијата се чувствуваат измамени и не им е јасно што се случува со капитенот. Првично се очекуваше Мбапе да отсуствува три недели по повредата, но после само осум дена тој се врати на терените каде влезе од клупата против Лил во Лигата на шампионите. На 10 и 14 октомври Франција ќе игра против Израел и Белгија, а освен капитенот, ќе им недостига и Антоан Гризман кој реши да се повлече од репрезентацијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |