За првпат на ЕП, прикажана е новата функција на ВАР (ВИДЕО)

June 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За првпат на ЕП, прикажана е новата функција на ВАР (ВИДЕО)

На натпреварот вчера помеѓу Белгија и Словачка кој заврши со 0-1 беше поништен голот на Лукаку во 86. минута поради игра со рака на Опенда, а претходно пак на Лукаку во 56. минути му поништија уште еден гол поради офсајд. Во однос на вториот гол, Опенда играше со рака и судијата по дополнителна проверка, реши да го поништи голот. Она што е интересно е начинот на кој беше прикажан допирот на топката со рака на Опенда, нешто што претходно во лигите и европските натпреварувања се нема случено и се нема на тој начин анализирано. Топката на „Адидас“ има детектор кој го следи и регистрира секој допир, а истото беше прикажано буквално како „ЕКГ“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.