Галатасарај го сака Дибала: Агентот на Елмас вклучен во преговорите!

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Галатасарај го сака Дибала: Агентот на Елмас вклучен во преговорите!

Галатасарај е решен да го ангажира Пауло Дибала и му нуди впечатлива понуда која вклучува плата од 9-10 милиони евра по сезона, пренесуваат бројни извори. Според информациите, турскиот клуб веќе започнал преговори за потписот на Аргентинецот, а агентот на Дибала, Карлос Новел, вчера беше во Истанбул, каде што од свечената ложа го следеше натпреварот на Галатасарај против Трабзонспор. Како што се објавува, „жолто-црвените“ му нудат на Дибала договор до 2027 година. Галатасарај сака да го донесе аргентинскиот напаѓач кој оваа сезона го носи дресот на Рома, но сега би можел да се пресели во Турција и да ја продолжи својата кариера во Суперлигата. Посредник во преговорите за овој трансфер е Џорџ Гарди, еден од агентите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Гарди ќе има задача да го договори трансферот со Рома и да ги испегла сите детали за новата голема трансфер бомба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.