June 15, 2024 | | Свет
Аргетина ја прегази Гватемала во последниот контролен натпревар на Аргентинците пред почетокот на Копа Америка. Тие ја совладаа селекцијата на Гватемала со 4-1 каде најпрво Лисандро Мартинез си постигна автогол, а потоа стрелаше Меси, Лаутаро Мартинез погоди од пенал па резултатот на полувремето беше 2-1. Во второто полувреме, Лаутаро Мартинез повторно погоди на асистенција на Меси, а Меси и по втор пат се запиша во листата на стрелците кога за 4-1 погоди на асистенција на Ди Марија. Одбраната на Копа Америка Аргентина ја започнува на 21. јуни против Канада, вториот натпревар ќе го одигра на 26. јуни игра против Чиле, а на 30.јуни ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза против Перу каде сите овие селекции се дел од групата А на ова издание на Копа Америка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |