Страшен тим: Идеалниот тим на Јунајтед според желбите на Аморим (ФОТО)

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Страшен тим: Идеалниот тим на Јунајтед според желбите на Аморим (ФОТО)

Рубен Аморим има очаен почеток како менаџер на Манчестер Јунајтед. Уште од самиот старт, тој инсистира да ја игра со неговата формација и неговиот систем, иако е дискутабилно колку профилот на играчите кои ги има во моментов одговараат на тоа. Сепак, премногу е рано за да се носат било какви заклучоци за неговата кариера како менаџер на Манчестер. На клубот итно му требаат засилувања, а денеска The Mirror направи состав со играчи кои ги има моментално и кои воедно се желба на Аморим уште во јануари. Наводно, Аморим би го задржал Онана, како и Јоро, Мартинез и Де Лихт во одбраната. Според португалскиот тренер, Бруно Гимараеш би бил одличен партнер со Коби Меино во средината. Познатите крило-бекови кои се многу важни за системот на Аморим наводно тој посакува да бидат Амад Диало и Алфонсо Дејвис. Договорот на левиот бек на Баерн Минхен истекува по крајот на сезонава, а се повеќе се пишува дека тој ќе остане, така што Јунајтед нема скоро никакви шанси за негов ангажман. Позади напаѓачот, Аморим посакува да го задржи Бруно, а покрај него да биде Дани Олмо, играчот на Барса кој во моментов не е регистриран во Ла Лига поради финансиските проблеми на клубот, но и таму најдоцна до утре се очекува разрешница. Во нападот, Аморим сака да го доведе Виктор Ѓокереш, машината за голови на Спортинг Лисабон со кој менаџерот веќе соработуваше во Спортинг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.